Луѓето кои работат во канцеларија може да седат на погрешна канцелариска столица подолг временски период и истата таа столица може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Додавањето на ергономска канцелариска столица може драстично да го подобри држењето при седење, да ја намали болката во грбот и на крајот да ја подобри продуктивноста. Но, исто така, може да се зголемат и удобноста и пријатното чувство. Можеби сте се прашувале дали има некаква разлика помеѓу овој тип на столици и традиционалните столчиња?
Навистина, постојат причини зошто вработените претпочитаат да користат ергономски столици.
Во текстот кој следува ќе ви ги пренесеме некои од причините зошто би требало да користите ергономски столици на вашето работно место. И, ако сте работодавач, ќе ги согледате причините зошто треба да им излезете во пресрет на своите вработени да го одржат правилното држење на телото и да се чувствуваат опуштено при користење на ергономски работни столици.
Што е ергономска работна столица?
Ергономските столици најчесто се користат во канцеларија. Причина – луѓето поминуваат повеќе години од својот живот на работа, па логично е да се чувствуваат удобно додека работат.
Најчесто овие столици се карактеризираат со удобност и прилагодливи елементи кои им овозможуваат на луѓето кои ги користат да ја задржат правилната положба на телото за време на работењето.
Една германска студија направена да истражи како со зголемување на удобноста при работа да се зголеми продуктивноста во работењето, како дел од студијата наведуваат 10 причини, кои според нив покажуваат зошто оние кои работат во канцеларија треба да користат ергономски работни столици.
1. Поддршка за држење на телото
Најголемата загриженост на оние кои ја правеле студијата е држењето на телото на луѓето, по подолги часови поминати во работа. Ако во текот на 8-10 работни часа се користат обични столици на кои им недостига основна ергономија, тогаш луѓето имаат тенденција да го наведнуваат телото нанапред и со рацете се потпираат на работната маса. Исто така кај овие обични столици недостасува соодветна висина на наслонот. Но, кај ергономските столици овие недостатоци се надминати, па тие го подобруваат држењето на телото при работа.
2. Зголемена продуктивност
Користењето на ергономските столици придонесува за удобност при работењето. Па така, штом е првиот услов исполнет, вработените нема да чувствуваат оптеретување. Немаат потреба од често станување од столчето, поминуваат повеќе време во седење, па со тоа и продуктивноста се зголемува.
3. Намалена болка во грбот
Болката во долниот дел на грбот и вратот се едни од најчестите болки во телото со кои се соочуваат канцелариските работници. Тоа се случува бидејќи рацете се потпираат на работната површина додека се работи, затоа што нема добра потпора од столчињат. Тоа значи поголемо оптоварување на ‘рбетот, грбот и вратот и појава на болка.
4. Го намалува притисокот на колковите
Колковите го носат најголемиот товар кога станува збор за задржување на тежината на телото. Но, кај канцелариските работници кои се одлучуваат да користат ергономски стол, колковите се растеретени. Поентата е дека ергономскиот стол помага да се намали притисокот на колковите со тоа што обезбедува соодветна длабочина на седиштето за поддршка на колковите.
5. Прилагодливост
Канцеларискиот мебел треба да ја има потребната флексибилност за да ги задоволи потребите на секој поединец во канцеларијата. Вработените доаѓаат во различни „облици и големини“, а инвестирањето во мебел што може да се прилагоди на спецификациите на оние кои ќе го користат, може да помогне сите во канцеларијата да бидат фокусирани исклучиво на работата. На пример, треба да се размислува за клучни прилагодувања на столицата од типот на висина и длабочина на седиштето, лумбална потпора на грбот или прилагодливи потпирачи за раце.
6. Зголемена циркулација на крвта
Во една студија направена во 2010 година за циркулацијата на крвта во телото, истражувачите откриле дека седењето во место само еден час го зголемува ризикот од срцеви заболувања, слаба циркулација на крвта и болки во грбот. Па затоа треба да внимаваме колку долго седиме во една положба и да се обидеме да ја менуваме на секои 30 до 45 минути.
7. Помалку барања за обештетување и исплата на здравствено осигурување на вработените
Многу компании имаат тенденција да издвојуваат се поголема сума пари за здравствено осигурување на своите вработени. Според фирмите кои се влезени во истражувањето кое го пренесуваме, ако на вработените им е поудобно кога седат на стол со потпирач за глава и потпирач за ‘рбетот, проблемите врзани со неправилното седење ќе бидат помали, па компаниите ќе заштедат во исплата од парите од буџетот за трошоците за лекување на овие проблеми кај своите вработени.
8. Дизајниран за сите корисници
Нема ограничување на придобивките од користењето на ергономски стол, а со толку голем избор на столици, кои денес доаѓаат во сите облици и големини, сигурно дека постои стол што одговара на вашиот работен простор и тип на тело. Со оглед на тоа што повеќето столчиња се фокусираат на поддршка на одреден дел од телото, 90% од ергономските столици се прилагодливи и наменети да се прилагодат на повеќе типови на тело.
9. Оптимална безбедност
Фактот дека ергономските столчиња се идеални за канцелариски работници не е резултат само на вакви студии. Столиците се тестирани и во лабораторија и сертифицирани за да гарантираат оптимална безбедност и удобност при работа од страна на корисниците.
10. Долгорочна употреба
Ергономските столици се наменети за долготрајна употреба. Затоа и се обрнува толку многу внимание на нивните карактеристики, фукционалност и материјали од кои се изработени.
Столиците со кои OFIS.MK располага како асортиман, ги задоволуваат сите карактеристики опишани во студијата.
Секоја од нив има TUV сертификат за квалитет, гаранција за удобност при работата и издржливост.